Со оваа услуга добивате целосно решение за вашиот ентериер. Покрај фотореалистични 3D рендери за визуелна претстава, изработуваме и 2D технички цртежи – основи, пресеци и распореди со точни димензии.
2D цртежите се детални и подготвени за користење од изведувачите, со јасни насоки за поставување на мебел, електрика и останати елементи. Во комбинација со 3D визуелизациите, добивате практичен и визуелен водич за изведба.
Проектот е целосно персонализиран – од избор на материјали и бои, до функционално уредување на просторот. Нашата цел е да добиете решение што ќе биде и убаво и практично.
Во текот на целиот процес имате целосен увид во проектот. Работиме заедно со вас за да бидеме сигурни дека финалниот изглед и техничките детали се усогласени со вашата визија.
Често поставувани прашања
Вклучува технички 2D цртежи со сите димензии и распореди, како и 3D рендери со фотореалистичен изглед на просторот.
Да, 2D делот од проектот е изработен со технички стандарди и е подготвен за практична примена на терен.
Времето зависи од сложеноста и големината на просторот, но најчесто трае подолго околу 7–14 работни дена.